Протест во Тирана поради доаѓањето на Вучиќ и „Отворен Балкан“

од Nikola Popovski
255 прегледи

Неколку стотици луѓе се собраа во Тирана на протест против иницијативата Отворен Балкан и доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ, јавуваат албанските медиуми.

Насобраните демонстранти прошетале низ улиците на Тирана, а колоната ја предводел поранешниот премиер на Албанија, лидерот на опозициската Демократска партија Сали Бериша кој повикал на протестот.

Бериша од почетокот е против иницијативата Отворен Балкан и изјави дека главната цел на протестот е „пактот што го направија Рама и Вучиќ“.

Како што претходно беше најавено, во понеделник на заедничка вечера во Тирана ќе има неформална средба меѓу Рама, Заев и Вучиќ, а за вторник се закажани неколку средби.

Предвидено е и потпишување на шест договори, меѓу кои и Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан.

Слични содржини