Пендаровски за Заев: Заедно биевме битки во широкото граѓанско движење

од Берта Китинска
222 прегледи

Претседателот на државата Стево Пендаровски во своето обраќање даде свој коментар за повлекувањето на премиерот Зоран Заев ос премиерската функција.

– Заедно биевме битки во широкото граѓанско движење за човекови слободи и права.Независно од индивидуалните ставови на граѓаните за политиките на премиерот во заминување, на јавноста ѝ се познати неколку несогласувања и меѓу нас по некои прашања, тоа е неспорно чин што треба да се поздрави затоа што не се случува често во новите демократии. Факт е дека тој се повлекува кога неговата партија е на власт, а тоа е дијаметрално спротивна ситуација од 2017-та, кога не можевме да изведеме мирна транзиција на власта при оформено парламентарно мнозинство, што директно ги испровоцира настаните од 27 април, најголемиот срам за македонската демократија во историјата, истакна Пендаровски.

Сакале или не, како што посочи претседателот, политиката е дел од нашите животи, но, никогаш не смее да стане целиот наш живот.

– Кога човекот ја наоѓа смислата на своето постоење само во политичката моќ и владеењето со другите, кога доаѓањето и останувањето на власт е единствената кауза во нечиј живот, тоа ја отвора ширум вратата за конфликти и поделби меѓу луѓето, рече Пендаровски.