Длабоко сум убеден дека Македонија ќе изгуби многу со заминувањето на Заев, вели поранешниот пратеник и актуелен директор на „Македонски пошти“, Јани Макрадули во емисијата „Топ тема“.
Споед него, премиерот во заминување остави една позитивна трага во работењето на Владата.
-Тој остави нов пристап и дух во функционирањето на Владата ќе треба доста напор да внесе Ковачевски, бидејќи турбулентно е кај нас, никогаш не е досадно. Константно имаме политичка криза и тензија, поделеноста е голема, смета Макрадули.
Во однос на најавите за напуштање на Владата од страна на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, Макрадули смета вели дека неговата сопартијка има повеќе информации околу причините зошто ја донела таа одлука.
-Од страна со загриженост гледам што се случува, си ја сакам партијата. Во овој момент има многу амбициозност што се појавува, но некој нема квалитет или знаење за да ја имплементира таа амбиција. Тоа и треба на Владата во моментов. Не ни треба само „срце на терен“, туку и знаење и искуство. Таа енергија што ја имаше Заев да се надополни, потенцира Макрадули.