СДСМ: Ништо ново кај Мицкоски, продолжува политичкиот аматеризам

од Nikola Popovski
306 прегледи

Владеачката СДСМ реагираше на денешното интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“. Според партијата, нема ништо ново кај Мицкоски, туку истите политикантски фрази, истите празни флоскули и неосновани обвинувања.

-Политички аматеризам е барањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, кога парламентарното мнозинство е стабилно и течат роковите за формирање нова политичка Влада. Политички аматеризам и крајно несериозно е кога Мицкоски кој беше единствен кандидат на конгрес, човекот кој беше инсталиран во фотелјата во белиот дворец директно од Никола Груевски, денеска да обвинува некого дека е нечиј послушник, стои во реакцијата на СДСМ.

Од таму додаваат дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаат само да работат против интересите на граѓаните, против интересите на државата.