Охрабрувачки вести од Британија: „Помала хоспитализација од омикрон“

од Nikola Popovski
190 прегледи

Според студијата на Империјал колеџот во Лондон објавена денеска, ризикот од хоспитализација кај пациенти со омикрон е за 40 до 45 проценти помал отколку кај пациентите заразени со делта.

„Генерално, откривме докази за намалување на ризикот од хоспитализација за омикрон во споредба со делта инфекцијата, во просек за сите случаи во текот на периодот на студијата“, велат британските истражувачи, пренесува Ројтерс.

Нивната студија, наводно, анализирала податоци од потврдени случаи со ПЦР тестови во Англија помеѓу 1 и 14 декември.

Светската здравствена организација сè уште нема доволно податоци за новиот сој омикрон за да соопшти дека е попренослив од сојот делта, но има податоци кои укажуваат дека стапките на хоспитализација се помали, изјави денеска техничкиот шеф на СЗО за Ковид-19, Марија Ван Керкове.

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, предупреди дека омикрон ќе стане доминантен сој во Европа до почетокот на 2022 година и дека се потребни уште три до четири недели за да се утврди тежината на болеста што ја предизвикува.

Слични содржини