Петковски: Заев не падна поради Преспанскиот договор

од Nikola Popovski
221 прегледи

Политиколото Љупчо Петковски смета дека премиерот Зоран Заев си заминува од Владата во својот зенит, односно паѓање на популарноста, од каде што нема враќање назад.

-Локалните избори секогаш се лакмус и секогаш не се само за локални прашања, туку преку нив гласачите праќаат порака и за националните прашања. Тоа го видовме и на изборите во 2017 година, кога народот го порази Никола Груевски. Мислам дека има некоја позитивна тежина неговиот потег, затоа што последните години во политиката викаат „тефлон“. Личност на кој не се лепи ништо. Заев свесно влезе во улогата да биде „антипот на тефлонот“, вели Петковски во емисијата „Вин-вин“.

Според него, повлекувањето на сега веќе поранешниот премиер може да се сфати во еден интересен правец.

-Заев ќе проба да задржи нешто од својот политички капитал што го остварил, затоа што е несомнено дека Македонија постигна многу работи. Сепак тој не падна поради Преспанскиот договор. Падна поради други работи, како на пример корупцијата, смета Петковски.