Петковски: За спорот со Бугарија, Владата треба да се обрати во Софија, а не во ЕУ

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар Љупчо Петковски смета дека Владата во моментов за изнаоѓање на решение за спорот што го наметна Бугарија се обраќа на погрешна адреса.

„Пристапот на нашата дипломатија е несоодветен. Изгледа како да правиме некаква емотивна уцена кон некој што навистина не може да ни помогне. Политиката на ЕУ е јасна – билатерални спорови не се внесуваат, потребна е согласност од сите држави членки за отпочнување на преговори. Адресата за ова е Софија“, изјави Петковски за емисијата „360“.

Тој дополни дека влоговите се кренаа до тоа ниво, што е поважно и атмосферата во општеството се затру до тој степен што мисли дека таков јазол може да отплетка само силна политичка влада кај нашиот источен сосед, што има мандат тоа да го отплетка.

„Практично е невозможно да се отплетка јазолот додека Бугарија нема политичка влада“, рече Петковски.

Слични содржини