254
Министерот за внатрешни работи и актуелен потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски не се гледа себеси како дел од новото раководство на СДСМ.
-На Ковачевски треба да му се даде можност да ја води партијата и да му се даде полно право во изборот на својот тим. Сметам дека тој избор треба да биде од нови луѓе и сметам дека не треба да бидам дел од новото раководство на партијата. Потребни се нови лица во СДСМ, лица со повеќе енергија и визија, а ние ќе бидеме тука рамо до рамо за да помогнеме, за да направиме дополнителни чекори напред кон растење на нашата партија, рече Спасовски во гостувањето на емисијата „Клик плус“.