378
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук, објавувајќи фотографија се присети на настаните на 24 декември.
-Да не се заборави и никогаш да не се повтори!Овој ден е потсетник на вистинското криминално и насилничко лице на ВМРО-ДПМНЕ. Режим никогаш повеќе!, напиша министерот.
На 24 декември 2012 се случи еден од најголемите удари врз демократските вредности во Македонија. Пратениците од опозицијата (СДСМ) и новинарите беа насилно отстранети од седницата на Собранието на која се расправаше за буџетот за 2013 година.
Овој настан предизвика голема политичка криза во чие надминување мораше да се инволвира ЕУ и други меѓународни фактори.