Денеска (24.12.2021) околу 03.15 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Желино, сопственост на 49-годишниот З.С. од ова село. При контролата биле затекнати и лишени од слобода 11 женски лица ( 6 странски државјанки – 5 од Република Албанија и 1 од Република Србија и 5 наши државјанки) поради сомнение за нивна инволвираност во кривично дело „трговија со луѓе“ (член 418 А од Кривичниот законик), соопштија од МВР.
По лишувањето, 11-те женски лица на возраст од 27 до 45 години задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.