Васев: Жугиќ беше дел од режимот, предлогот да биде во УО на МКЦ треба да се повлече

од Берта Китинска
283 прегледи

СДСМ и граѓаните се противат на партизацијата и на последните скандалозни предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување лица на режимот на клучни позиции.Предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на Младинскиот културен центар, култниот МКЦ треба да биде повлечен, вели Стефан Васев од СДСМ.

Тој посочува дека актерката Јелена Жугиќ со години била дел од режимот, а позната е по скандалозното барање Шарената револуција да се спречи со гумени куршуми.

-МКЦ не смее да се уништува со лица од режимот. Во оваа институција потребни се луѓе, професионалци со суштинско познавање на независната сцена и култура.Ние сме на страна на граѓаните, ова е пример за очигледна и груба партизанија на институциите под надлежност на Град Скопје на којшто советниците од СДСМ се спротивставуваат.Наместо работа, реализација на капитални проекти, гледаме дека Арсовска единствено се зафаќа со прекинување на големи и важни проекти за скопјани, со партизација на јавните претпријатија во Скопје, вели Васев.

Слични содржини