СДСМ: Ставревски на овој ден даде налог за исфрлање на пратениците, а денеска е раководител во ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
406 прегледи

Пред девет години на овој ден, режимската ВМРО-ДПМНЕ го погази плурализмот, ја загрози слободата на говор и ги погази демократските права и слободи.На 24 декември 2012 година, ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски прво насилно ги избрка новинарите и снимателите од пленарната сала на Собранието, а потоа на насилен и подмолен начин, злоупотребувајќи го собраниското обезбедување и полицијата, ги исфрли од салата и пратениците на СДСМ, стои во соопштението на СДСМ по повод девет години од 24 декември 2012 година – денот кога пратениците од социјалдемократските редови, тогаш во опозиција, беа исфрлени од собраниската сала, заедно со новинарите во галеријата, кога се носеше Буџетот за 2013 година.

Оттаму посочуваат дека и по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето.

-Зоран Ставревски човекот кој на 24 декември 2012 го даде налогот за исфрлање на пратениците од опозицијата, денес повторно е во раководните структури на партијата, а неколку градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се поранешни осудени лица за криминал и насилство.24 декември не смее никогаш да се повтори, велат од СДСМ.