Ковачевски: Кадрите во СДСМ ги делам на оние што повеќе или помалку помогнале во развојот

од Nikola Popovski
181 прегледи

Новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва изјави дека кадрите на партијата не ги дели на стари и нови.

-Ги делам на оние кои што придонеле повеќе или помалку во развојот или градењето на партијата. Во медиумите се појавија голем број имиња, кои што значат нешто во СДСМ и кои во минатото извршувале високи партиски и државни функции. Да оставиме на ЦО да ги донесе одлуките, рече Ковачевски пред состанокот на највисоките партиски органи на СДСМ, на кое треба да биде утврдено новото раководство на владеачката партија.

Ковачевски информира дека ќе предложи нов Централен одбор, во кој што ќе бидат застапени 50% жени и 50% мажи, за што се заложува партијата.

-Тоа е родовата еднаквост на СДСМ. Исто така ќе бидат предложени 33% млади луѓе и ќе бидат запазени сите плански региони во државата. Партијата е обединета, додаде Ковачевски пред седиштето на СДСМ на „Бихаќка“.

Слични содржини