Дичев: Бугарија направи глупост со ставот кон Македонија

од Nikola Popovski
312 прегледи

Универзитетскиот професор од Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, Ивајло Дичев смета дека Бугарија треба да го преземе лидерството во однос на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан.

-Направивме голема глупост со нашиот став кон Северна Македонија и треба брзо да ја поправиме оваа политика. Никој не ни врши притисок, тоа е во наш интерес, вели Дичев во интервју за БНР.

Според него, прашањето не е за историјата, туку за идентитетот.

-Тоа е преживување, а не факт. Не може историчар да оди во Северна Македонија и да им каже дека се Бугари… Мора да им се приближиме, мора да комуницираме. и да размениме културни работи. По можност да ја надминеме оваа бездна што постоеше меѓу нас во 20 век, вели проф. Дичев.

Слични содржини