СДСМ започнува ново поглавје, владата ќе се состави до 18 јануари

од Берта Китинска
195 прегледи

При изборот на нови членови на Извршниот одбор и за нови потпретседатели, се раководев од тоа во тимот да имаме искусни луѓе препознатливи по својот ангажман во СДСМ, но и млади луѓе кои во овој период се стекнаа со углед и искуство за обавување на такви должности.Би сакал да ви ги претставам луѓето кои во следнот период заедно со мене ќе работат рамо до рамо да го обединиме членството, да ја зајакнеме партиската организација и да се вратиме на победничките патеки, кажа новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

За нови потпретседатели избрани се Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадинова Стојчевска и Фатмир Битиќи кој и досега беше на оваа позиција продолжува во уште еден мандат. Нов генерален секретар партијата е Миле Зечевиќ, нов организациски секретар е Вангел Андрески а секретар за меѓународна политика, Бојан Маричиќ. Им честитам на сите и верувам во вашата чесна, посветена и одговорна работа во интерес на граѓаните и СДСМ.

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, го продолжува мандатот кој и го има со изборот на Конгресот.
Во ИО на СДСМ од денес се :

1. Ана Данева Маркова, угледна докторка од Клиниката за гинекологија.

2. Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, се уште актуелен претседател на Асоцијацијата на архитекти.

3. Нина Фити Неделковска, докажан економски екперт со долгогодишно искуство во банкарството, домашно и меѓународно,
4. Снежана Захариева, доктор-специјалист по анестезиологија, дикреторка на Болницата во Куманово, своевремено беше и претседателката на Општинскаа организација, советничка во Советот.

5. Даниела Колева актуелна пратеничка во Собранието, професорка по математика и долгогодишна членка на СДСМ.

6. Милена Стефановиќ, доктор – инфектолог, директорка на Инфективна клиника во најтешката година за нашето здравство.

7. Костадин Костадинов, млад и успешен, од почетоците негови во СДММ па се до денеска, пратеник, член на извршен а од скоро и градоначалник на Струмица.

8. Рената Јајоска, досегашна членка на ИО, поранешна членката на Извршниот одбор на СДММ, советничка, потпретседателка на Младите европски социјалисти.

9. Мелиса Ценовска Серафимовска, дипломиран економист, со искуство во банкарскиот сектор и јавните финансии.

10. Петре Шилегов, поранешен градоначалник на главниот град, пратеник, портпарол и носител на високи партиски функции во СДСМ.

11. Дритан Исмаили, магистар по јавно здравје, Советник во кабинетот на министерот за здравство, од Гостивар.

12. Тања Томиќ, една од водечките македонски експерти за јавни политики, поранешна пратеничка од СДСМ и генерална секретарка на СДММ.

13. Дарко Каевски, пратеник на СДСМ, досегашен член на ИО, поранешен претседател на СДММ.

14. Андреј Петров – поранешен генерален секретар на СДСМ, поранешен градоначалник на општина Карпош и претседател на ЗЕЛС, по професија дерматолог, доцент и вонреден професор.

15. Ивона Кузмановиќ, млада но искусна наша сопартијка од Прилеп, советничка во Советот на општината.

16. Костадин Ацевски, Дипломиран инженер по електротехника, претседател на општинската организација Ѓорче Петров и поранешен пратеник.

17. Никола Рилак, младо докажано име во СДСМ, поранешен потпретседател на СДММ, член на Комисијата за спорт и член на актуелниот состав на СДСМ.

-Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова влада и силно да се посветиме на спроведување на владината програмата и политиките. Јас сум оптимист дека новата Влада предводена од СДСМ ќе ја избереме на средината од следниот месец, до 18 јануари.

Пред новата Влада стојат предизвиците за менаџирање на енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, како и продолжување на евроинтеграцискиот процес и преговорите со соседна Бугарија.Јас верувам дека можеме да ги надминеме сите овие предизвици, со стабилна Влада која ќе има мандат до 2024 година, кажа Ковачевски.