Одложен трансферот на Торес, фудбалерот на Сити чека додека ги „чешлаат“ документите на Каталонците

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Иако се чинеше дека Барселона завршила голем трансфер, Каталонците наидоа на нови проблеми.

Барселона во текот на летото имаше проблем со преодниот рок и регистрацијата на нови играчи. Затоа си замина најголемиот во историјата на истиот клуб – Лионел Меси.

Серхио Агуеро поради проблеми со срцето мораше да ја заврши кариерата, а во клубот треба да пристигне напаѓачот на Манчестер Сити и репрезентативец на Шпанија, Феран Торес.

Тие се подготвени да платат 55.000.000 за напаѓачот во Барселона, како и дополнителни 10.000.000 евра доколку се исполнат бонусите.

Но, пред официјалниот трансфер се појавија проблеми.

Шпанскиот гигант ја откри во јавноста информацијата дека е во тек процесот на „чешлање“ на документацијата на Барселона, која е поврзана со доаѓањето на фудбалерот на Манчестер Сити.

Така Торес ни крив ни должен остана да чека потврда дека го завршил големиот трансфер.

Слични содржини