308
Според податоците на Институтот за јавно здравје во текот на мината недела вкупно се пријавени 43 реинфекции, со зголемување од 19,4% во однос на претходната недела.
-Заклучно со 26.12.2021 вкупно се регистрирани 1.059 реинфекции (0,5%), од кои две се втори реинфекции.Од реинфекциите, 10 завршиле со смртен исход, велат од ИЈЗ.
Досега во државава се направени вкупно 1.581.175 тестирања на КОВИД-19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 223 739, оздравени се 211 021, а 7 917 починале.