Христијан Мицкоски продолжува да се однесува како заменик градоначалник на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува во работно време да ги узурпира и злоупотребува функциите на градоначалниците за лични и партиски цели. Кога веќе е заменик градоначалник Мицкоски требаше да дојде на денешната седница на Советот на Град Скопје и да објасни зошто средствата за Секторот за животна средина за идната година се намалени за три пати, реагираат од СДСМ на денешната изјава на лидерот на најголемата опозициска партија.
Според СДСМ, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да излезат од режимската матрица.
-Се што градоначалниците од опозициската партија прават е укинување на проекти и масовна партизација на општинските администрации. можат да се престројат на страната на граѓаните. Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Мицкоски продолжува да работи на штета на интересите на граѓаните, на општините и на државата, стои во соопштението.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Општина Бутел обвини дека ги критикуваат неговите посети низ општините.
-И би рекол оние скапо платени со украдени народни пари ботови кои што пишуваат по социјалните медиуми само ќе им порачам дека ќе продолжите уште долго да ме гледате и уште долго ќе реализираме успешни проекти. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува и го исполнува. А, СДСМ тоа што го ветува, го краде од народот и никогаш не го исполнува. За жал уште долго ќе ме гледаат и уште долго ќе реализираме проекти кои што граѓаните ги бараат од нас за довербата која што ја дадоа на локалните, а многу скоро денеска и на предвремени парламентарни избори, кажа Мицкоски.