Брачен пар се удавил откако со автомобилот паднале во реката Радика

од Nikola Popovski
317 прегледи

МВР информира дека мртви тела на брачен пар се извадени од водите на реката Радика, откако попладнево било пријавено дека автомобил паднал во реката.

-Попладнево околу 14 часот било пријавено дека во близина на Скудрињски мост по патниот правец Маврови Анови-Дебар во Радика било забележано патничко моторно возило. Набрзо на терен излегле полицајци од Ростуше кои констатирале дека станува збор за „југо“ со дебарски регистарски ознаки и дека во него има две лица. По доаѓањето на противпожарната единица и првата помош од Дебар, било констатирано дека двете лица во возилото се починати.

По извршениот увид од страна на увидна екипа од полицијата и јавен обвинител било констатирано дека станува збор за сопружници – маж на 63 годишна возраст и жена на возраст од 60 години од селото Житинани, информираа од СВР Тетово.

Јавен обвинител дал наредба за обдукција врз телата по што ќе се утврди причината за нивната смрт, а ќе се трага и по причините кои довеле до трагичниот настан.

Слични содржини