Фудбалерите на Манчестер Сити го победија домашниот Арсенал во Лондон со 2:1 во натпреварот од 21. коло на Премиер лигата и остварија предност од 11 бодови пред првиот вицешампион на табелата.
Во еден луд и неверојатен натпревар, Арсенал поведе со голот на Букајо Сака во 31. минута, по додавањето на Кјиран Тирни, што беше негов седми гол сезонава. Сити израмни во 57. минута со голот на Ријад Махрез од пенал.
Судијата Стјуарт Атвел првично не процени дека дуелот меѓу Гранит Џака и Бернард Силва е за пенал, но беше повикан да ја провери ситуацијата и по користењето на ВАР технологијата се предомисли, па Сити израмни.
Во 59. минута Арсенал остана со десет играчи, откако Габриел го доби вториот жолт картон.
Gol penentu kemenangan mancity #rodri https://t.co/HZuP4dXLaH
— Kawaragi senju (@CaseTongs) January 1, 2022
Родри му ја донесе победата на актуелниот шампион со гол во третата минута од продолжението.
На почетокот на натпреварот фудбалерите на Арсенал беа незадоволни од судиската одлука, откако тој реши да не досуди пенал во 12. минута по употребата на ВАР технологијата по стартот на голманот Сити Едерсон врз Мартин Одегард.
Сити сега има 17 победи и е прв на табелата со 53 бодови, 11 бодови повеќе, но и натпревар повеќе од второпласираниот Челзи.
Арсенал го претрпе седмиот пораз и е четврти на табелата со 35 бодови.
Подоцна играат Ватфорд – Тотенхем и Кристал Палас – Вест Хем, а натпреварот помеѓу Лестер и Норич беше одложен поради коронавирус.