Татко и син натепани од обезбедување во локал во Центар

од Nikola Popovski
217 прегледи

Од МВР информираат дека синоќа на 31.12.2021 во 23.40 часот во СВР Скопје С.Р.(27) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар, тој и неговиот татко Г.Р. биле физички нападнати од неколку лица, кои биле ангажирани како обезбедување во објектот, при што на Г.Р. му бил одземен и часовник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.