НАЈДОБРАТА ДИЕТА НА СВЕТОТ 4 ГОДИНИ ПО РЕД: 10 килограми помалку за еден месец!

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Медитеранската исхрана четири години по ред е прогласена за најдобра диета во светот.

Медитеранската диета го зазеде првото место и како една од најздравите диети, како диета која лесно се следи, диета која е совршена за луѓето кои боледуваат од дијабетес, но и диета која го негува срцето.

Оваа диета советува конзумирање на храна здрава за срцето која вообичаено се јаде на Медитеранот. Вклучува многу растенија, но и јаткасти плодови, пченица, мешунки, големи количини на овошје и зеленчук. На пример, во медитеранската исхрана, маргаринот или путерот се заменети со маслиново масло; наместо сол, се додаваат билни зачини кои носат совршен вкус на јадењата; а црвеното месо се заменува со риба.

Исто така, оваа диета советува една чаша црвено вино навечер.

Во едно од најголемите и најдолгите студии за влијанието на храната врз цревните бактерии, покажа дека медитеранската исхрана ги намалува „лошите“ и ги зголемува „добрите“ бактерии во стомакот на постара личност во рок од една година, објави медицинското списание „Gut“.

Како изгледа медитеранската диета?

Еве кои намирници ги вклучува медитеранската исхрана:

Свежо овошје и зеленчук
Пилешко и риба
Семиња и јаткасти плодови
Житарици од цели зрна
Јајца
Билни зачини
Маслиново масло

Храна која треба да ја ограничите:

Шеќер
Млечни производи
Црвено месо
Рафинирани житни култури
Месни производи
Рафинирани масла.

Јадете три оброци дневно, третиот најдоцна до 18 часот. Секоја диета ве советува да пиете што повеќе вода во текот на денот.

Не дозволувајте да бидете гладни во текот на денот, затоа јадете помалку оброци додека не влезете во „шема“ со диетата.

Секогаш избирајте здрав подготвен оброк со многу зеленчук, билки, но и свежо подготвена риба.