„Тајфун“ омикрон: Земја во која се пријавени повеќе од милион случаи за 24 часа

од Nikola Popovski
169 прегледи

САД пријавија повеќе од милион случаи на коронавирус во понеделникот, според универзитетот Џон Хопкинс, додека сојот омикрон брзо се шири низ светот.

Џонс Хопкинс, кој го следи бројот на случаи од почетокот на пандемијата, исто така пријави 1.688 смртни случаи во истиот период, еден ден откако главниот американски советник за пандемијата, Ентони Фаучи, рече дека земјата се соочува со „речиси огромен пораст на случаите на коронавирус“.

Фаучи предупреди дека се уште постои опасност од зголемување на бројот на хоспитализации поради зголемување на бројот на инфекции, иако раните податоци сугерираат дека омикрон е помалку сериозен сој.

„Единствената тешкотија е што ако имате толку многу случаи, дури и ако стапката на хоспитализација е помала кај омикрон отколку кај делта, сè уште постои опасност да имате зголемување на хоспитализирањата што може да го оптоварат здравствениот систем“, рече Фаучи во интервју за Си-Ен-Ен.

Фаучи додаде дека американските центри за контрола и превенција на болести наскоро ќе објават појаснување за тоа дали луѓето треба да бидат негативни на Ковид-19 за да ја напуштат изолацијата, по конфузијата минатата недела во врска со упатствата што ќе им овозможат на луѓето да излезат од самоизолација по пет дена без симптоми.

Слични содржини