Основата врз која мораме да зачекориме во односите со Република Северна Македонија е Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, изјави Станислав Балабанов од „Има таков народ“ пред новинарите во парламентот, по повод изјавата на Фејсбук на лидерот на партијата Станислав Трифонов.
-Ќе видиме како ќе почнат преговорите, но нема шанси тоа да се случи пред РСМ да ги исполни најважните услови – да го испочитува договорот со Бугарија, потпишан во 2017 година, бидејќи досега не гледаме дека го прават тоа, рече тој.
-Ставот на нашата партија е како оној на господинот Трифонов и се темели на коалицискиот договор – почитување на договорот, а идејата за укинување на визите за влез на бугарските државјани во САД е надградба, објасни Балабанов.
Нагласи, дека „Република Северна Македонија мора да ги внесе Бугарите како народ во својот Устав, како и Албанците и Србите, и да го елиминира говорот на омраза“.
Балабанов објасни и дека во својата објава Трифонов искажал личен став, граѓански став.
Тој категорично вели дека „нема да отстапиме од тоа С.Македонија да го почитува договорот за соработка и пријателство, сите точки од него, за да можеме да разговараме за нејзино пристапување во ЕУ“.