Има таков народ: Мафијата е во партијата на Петков

од Nikola Popovski

На посебен брифинг на „Има таков народ“ (ИТН), отцепените 5 пратеници и министерот за спорт на Бугарија, Радостин Василев беа обвинети за предавство.

Пред медиумите беше објавена снимка од телефонски разговор меѓу Василев и пратеничката на ИТН, Кристинка Иванова, на која тој и се заканува да ја напушти пратеничката група, но таа одбила.

Пратеникот од ИТН, Станислав Балабанов потсетил дека политиката кон Северна Македонија е една од причините за повлекувањето на ИТН од владината коалиција. Балабанов го повикал премиерот Кирил Петков да се појави на детектор за лаги и да одговори дали неговиот ракопис е на белешката што ја има пратеникот, на која, според пратеникот, Петков го напишал планот за европска интеграција на Република Северна Македонија.

„Сите да видат кој е предавникот“, додаде Балабанов.

„Кога станува збор за мафијата – мафијата е во партијата на Петков“, рекол министерот за регионален развој Гроздан Караџов, коментирајќи го прекорот на „Продолжуваме со промените“ дека Караџов побарал невидено зголемување на буџетот на неговото министерство.

Тој истакнал дека сите негови дејствија ги координирал и со премиерот и со министерот за финансии Асен Василев.

„Со нив потпишавме коалициски договор во име на елиминирање на лошото што владееше со Бугарија 12 години. За жал, создадовме уште поголемо лошо“, додал Балабанов.

Слични содржини