Досега МВР нема добиено пријава за казиното во Дојран во кое наводно се издаваат фалсфикувани ковид сертификати, но ќе бидат извршени проверки, велат од министерството за внатрешни работи во изјава за „Локално“.
Грчката телевизија Опен објави прилог во кој наведува дека се издаваат фалсификувани ковид-сертификати во казино во Дојран кое се наоѓа во близина на граничниот премин Дојран-Дојрани.
Според информациите на грчкиот медиум лажните сертификати за брз тест, ги издава овластен дијагностички центар, во кои без да биде извршено какво и да е тестирање, само се пополнуваат имињата на клиентите.