Грдев: Софија останува на ставот дека треба да се заштитат правата на Бугарите во Македонија

од Nikola Popovski
179 прегледи

Ставот на Бугарија останува дека постојат гаранции за заштита на правата на Бугарите во Македонија. Македонското општество и нивниот парламент мора да бидат целосно подготвени за основните вредности на Европската Унија, смета експертот за надворешна политика и меѓународен секретар на партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ (ИТН), Димитар Грдев.

Грдев појасни дека „многу се коментирал постот на Фејсбук на лидерот на ИТН Слави Трифонов на тема Република Северна Македонија, но во ставот на ИТН нема промена на бугарската позиција“. Тој истакна дека во коалицискиот договор не се спомнати чекори, описи, дејствија или желби, но сите се согласни ставот на Бугарија да остане главен рамковен став.

Тој посочи дека нема поместување од позицијата на партијата на Слави Трифонов на тема Република Северна Македонија.

Според Гардев, кога станува збор за односите со Македонија, тоа се односи меѓу две земји и нема форма на притисок.

„Нема промена во коалицијата на тема Македонија. Коалицијата гледа во една насока на темата Северна Македонија“, додава Грдев.

Тој појасни дека она што треба да се случи е продлабочување на меѓувладините средби, кои не се случуваат. Грдев објасни дека не треба да има повторно потпишување на договорот за пријателство, туку јасни гаранции за почитување на правата на бугарските граѓани во Македонија.

Фото: БГНЕС

Слични содржини