Најпознатиот антиваксер меѓу кошаркарите се врати на паркетот

од Nikola Popovski
295 прегледи

Кајри Ирвинг го одигра првиот натпревар оваа сезона за Бруклин Нетс и им помогна да дојдат до победа од 129-121 над Индијана Пејсерс во последната четвртина.

Ирвинг постигна 22 поени со ефективни 9/17, четири асистенции, три скока и украдени топки и една блокада.

Ирвинг е еден од околу три проценти од НБА играчите кои не се вакцинирани. Тој настапува за тим од Њујорк Сити, еден од градовите што ги спречува невакцинираните луѓе да влегуваат во големи собири во затворен простор, вклучително и кошаркарски натпревари.

Нетси на почетокот делуваа решени да ја завршат сезоната целосно без него, но на крајот од годината поради големиот број на заразени и повредени играчи се предомислија и му дозволија да се приклучи на тимот барем за гостувањата.

Ова во Индијанаполис беше прво гостување за него, а следното ќе го има во недела во Портланд, откако соиграчите ќе одиграат уште два домашни натпревари.

Најдобар стрелец на Нетс во победата над Индијана беше Кевин Дурент со 39 поени, осум скока и седум асистенции, а Џејмс Харден постигна 18 поени. Нетси го подобрија односот на 24-12, но сепак заостануваат зад Чикаго Булс (25-10), кој е на врвот на Истокот.

Фото: Profimedia

Слични содржини