Радев: Уставните гаранции за македонските Бугари ќе помогнат да се отвори вратата на ЕУ за Скопје

од Nikola Popovski
239 прегледи

Бугарија продолжува да биде отворена за дијалог, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев, објавија бугарските медиуми.

-Верувам дека ќе се исполнат сите ветувања и заложби од нашите соседи за да се забрза процесот на интеграција на РС Македонија, истакнал Радев.

Шефот на бугарската држава ги поздрави намерите на бугарската влада за интензивирање на дијалогот, кој, според него, е од заеднички интерес за двете страни.

Тој повторил дека уставните гаранции за македонските Бугари, прекинот на говорот на омраза и прекинот на процесите на дебугаризација само ќе помогнат да се забрза процесот за Бугарија да може да се отвори вратата за преговори за членство.

Слични содржини