Со одоговорни и навремени мерки и политики успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните со најмало поскапување на струјата од 9,48 процента, изјави на прес конферениција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа информира дека ширум светот расте цената на струјата поради глобалната енергетска криза, во Италија на пример цената на струјата е поскапена за 55 отсто, во Турција за 50 проценти.
-Иако опозицијата најавуваше поскапување и до 40% со што ја покажа својата неспособност. За дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања во Буџетот се обезбедени средства за помош на ранливите семејства. Со 60 милиони денари финансиска помош 7.500 семејства ќе добијат 600-800 денари субвенционирање на сметките за електрична енергија, потенцира Кузеска.
Портпаролката на СДСМ додава дека бројките кажуваат дека во 2021 година има добри економски показатели.
-Растот на економијата е над 4%, приходите се зголемени што докажува дека економските мерки коишто ги реализираше Владата предводена од СДСМ дадоа резултат. Во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра, во наредниот период ќе следуваат и други антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството, истакнува Кузеска.