Мајката на Ѓоковиќ: На Новак не му даваат доручек

од Берта Китинска
424 прегледи

Србија не се откажува во борбата за Новак Ѓоковиќ! И покрај екстремно студеното време, голем број негови поддржувачи повторно се собраа пред Собранието, а на насобраните повторно им се обратија членови на семејството на Новак.

Дијана Ѓоковиќ, мајката на Новак Ѓоковиќ, изјави дека нејзиниот син не добива доручек додека со наоѓа во притвор во хотелот за мигранти.

– Драги пријатели, ни давате голема поддршка која ние му ја испраќаме на Новак. Во овие моменти поддршката е наважна, не сме многу, но сме многу силни. Новак одлучи да ја истера правдата, да докаже дека не е виновен. Тие го затворија, не му даваат дури ни доручек. Има ручек и вечера, но за доручек нема ништо. Ви го зборувам тоа што тој ми го кажа. И во затвор имаат по три оброци на ден и право да излезат надвор. Новак нема ниту нормален прозорец, да гледа во паркот туку гледа во ѕидот. Тоа не се хумани услови.Одиме понатаму, се надевам дека ќе победиме – изјави Дијана.

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на првиот тенисер на планетата, коментираше дека Владата на Австралија сепак може да го уапси Новак, дури и ако победи на суд.

Српскиот тенисер од средата се наоѓа во хотел за мигранти во Мелбурн, откако австралиските власти му ја укинаа визата и побараа да ја напушти земјата. Но, бидејќи Ѓоковиќ вложи жалба до врховниот суд во Мелбурн, тој се наоѓа во „притвор“ се до завршувањето на сослушувањето и конечната одлука.

Слични содржини