ФОТО: Oд земјотресите испукаа ѕидови во објекти во Битола

од Берта Китинска
239 прегледи

Распукани внтрешни и надворешни ѕидови – вакви последици има во Битола од земјотресот што вчеравечер го погоди регионот на Лерин, Грција.

Најсилниот земјотрес е со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала и со епицентар во Лерин, Грција.

Според информациите на ЕМСЦ втор по јачина е земјотресот од 4,2 степени според Рихтер, и со епицентар на 22 километри јужно од Битола.

Регистриран е и трет земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а со епицентар на 19 километри од Битола.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на Фејсбук објави неколку фотографии од објекти во Битола.

„Силен земјотрес во Битола“, напиша Милевски кај фотографиите.

Слични содржини