Имаме ескалација на бројот на заболени. Бројот од стотина нови случаи на неделно ниво, после новогодишните празници и после сите оние дружења во градот, се зголемува на 600 неделно, рече денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски по завршување на состанокот на општинскиот кризен штаб и апелираше да се почитуваат мерките за заштита.
– Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките, да намалиме колку што е можно со дружењето во овие празници кои сè уште ни претстојат. Оние што не се вакцинирани да поитаат да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствена превентивна мерка, рече Коњановски.
Тој посочи дека утре ќе заседава Комисијата за заразни болести и дека засега во најава е само кратење на периодот на изолација бидејќи, новиот сој се шири многу брзо, но пократок е периодот на инкубација.