Коњановски: Битолчани беа во паника по вчерашниот земјотрес

од Берта Китинска
207 прегледи

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска информираше дека ќе биде формирана стручна комисија за проценка на штетите од земјотресот, составена од градежни инженери и архитекти, стручни служби.

-Веднаш по вчерашниот удар во 22 часот и 44 минути излеговме на терен заедно со дел од членовите на Кризниот штаб да видиме каква е состојбата во градот. Затекнавме паника, што е нормално во вакви ситуации, излезени граѓани од висококатниците. Се информиравме во итна брза помош и немало повици за повредени, но и нема големи материјални штети, кажа Коњановски.

Тој напомена дека граѓаните можат да ги пријават штетите во градот.

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерoвата скала беше регистриран вчера во 22.43 часот во близина на границата на Македонија со Грција. Најсилно тресеше во Битола и околината, а потресот се почувствува скоро низ целата земја. Уште два нови земјотреса беа почуствувани утринава во Битола.

Слични содржини