„ВМРО-ДПМНЕ е до толку исплашено од Ковачевски што остана да го обвинуваат уште за земјотресот и временската прогноза“

од Берта Китинска
232 прегледи

Владејачката партија СДСМ преку соопштение реагираше на изјавите кажани на прес-конференцијата на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски и новата Влада не само што имаат легитимитет, туку имаат проширено и стабилно мнозинство во Собранието.Очигледно ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Мицкоски не се добро запознаени со уставот и законите во земјава. Новата Влада не само што има легитимитет, туку има проширено и стабилно мнозинство во Собранието”, се вели во соопштениетто на СДСМ.

Оттаму додаваат дека Владата има полн легитимитет да ги носи сите одлуки и да ја спроведува владината програма во интерес на граѓаните и државата.Празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ се само недостиг на други аргументи, недостиг на политики, предлози, идеји од опозициската партија во која ништо не се променило, се вели во соопштението.

Од партијата во новот соопштение додаваат дека стравот кај ВМРО-ДПМНЕ е голем од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Затоа од белиот дворец секојдневно пласираат неосновани напади и обвинувања.ВМРО-ДПМНЕ е до толку исплашено од претседателот Ковачевски што остана да го обвинуваат уште за земјотресот и за временската прогноза.Ништо не се менува во партијата предводена од Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето неодговорно, деструктивно однесување“, велат од СДСМ.