Мартин Попов, советник во Советот на Град Скопје денес посочи дека „Данела Арсовска градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ покажува неспособност да ги решава проблемите на скопјани и елементарно непознавање на нејзините ингеренции“.
-Арсовска не презема ништо, дури нема предвидено ниту денар во Буџетот за помош на граѓаните. Затоа Арсовска постојано се иззема и бара разни оправдувања за нејзината неспособност и незнаење, вели Попов на прес-конференција.
Попов наведува дека Арсовска, односно Град Скопје имаат обврска пред скопјани но има и законски обврски и надлежности во делот на енергетиката.
-Член 151 став 1 од Законот за енергетика јасно вели дека „Заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски дејности:
1) производство на топлинска енергија;
2) дистрибуција на топлинска енергија и
3) снабдување со топлинска енергија.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија скопјани среде криза.
Во Буџетот за 2022 година за шест пати се намалени средствата за субвенции за набавка на инвертори, а нема ниту еден денар издвоено за справување со енергетската криза.
Ова е неодговорен, нечесен однос на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кон Град Скопје и неговите граѓани, информира Попов.