209
Спикерот Талат Џафери, денеска го информирал мандаторот за состав на новата влада и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, дека седницата за гласање на новата влада ќе ја закаже за во сабота, 15 јануари, во 11 часот.
Денеска напладне Ковачевски на Џафери и официјално му ги достави предлог-составот и предлог-програмата за работа на новата влада.
-Денеска го доставив составот на новата Влада и програмата за работа на Владата до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Имаме стабилно мнозинство, усогласена програма фокусирана на решавање на клучните проблеми на граѓаните и тим подготвен да одговори на сите предизивици, објави Ковачевски на социјалните мрежи.