174
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица како резултат на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.
Од нив, 2 починати лица се од Скопје (82г и 87г), 2 починати лица од Прилеп (74г и 86г) и по едно починато лице од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г).
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г.
Починатите се на возраст од 66 години до 78 години.
Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.