Нови 9 лица ја загубија борбата со коронавирусот, вкупно 8.092 од почетокот на пандемијата

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица, соопштија од Министерството за здравство.

Од нив, 6 починати лица се од Скопје (50г, 66г, 66г, 67г, 83г и 85г), 2 починати лица од Битола (62г и 69г) и едно починато лице од Прилеп (77г).

Пријавените лица се починати во болнички услови.

Од почетокот на пандемијата во земјава, вкупно 8.092 лица ја загубија борбата со Ковид-19.

Слични содржини