Петнаесет починати од коронавирус, од кои тројца во периодот од 3-ти до 11-ти јануари

од Nikola Popovski
158 прегледи

Црниот ковид-биланс од последното деноноќие покажува 12 починати лица.

Од нив, 4 починати лица се од Скопје (63г, 65г, 80г и 81г), 2 починати лица од Битола (80г и 82г) и по едно починато лице од Охрид (58г), Гевгелија (72г), Кавадарци (67г), Крива Паланка (74г), Кочани (48г) и Демир Хисар (82г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 – 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.

Слични содржини