Македонските државјани ќе можат да влезат во Бугарија со ковид-сертификат или негативен ПЦР тест

од Nikola Popovski
190 прегледи

Од 20 Јануари, македонските државјани ќе можат да влезат во Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи.

-Известуваме дека по интензивната комуникација меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани. Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Имено, со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест, стои во соопштението на МНР.

Слични содржини