Петте комисии ќе бидат новата методологија за работа кажа претседателот Стево Пендаровски.
– Нема повеќе план 5+1 или предлог на кој чекаме одговори, па ќе дадеме наши. Тој план излезе после пропаднатиот Лисабонски предлог. Не добивме никаков одговор иако сметавме дека тоа е добра почетна точка за понатамошни разговори. Откако пропадна тоа, дури ни формално Бугарија не соопшти на своите членки зошто го прави тоа. Се обидовме со мини пакетот 5+1 да ги одблокираме разговорите. По изборот на новата бугарска влада, се предложи пет комисии да работат и ние се согласивме со тоа 5+1 е ад акта. Ја спорам тезата дека нешто сме дале за да добиеме нешто за возврат. – рече Пендаровски.
Пендаровски истакна дека се надева дека решението со Бугарија е на дофат, објаснувајќи дека ниту еден бугарски политичар, не го спори македонскиот јазик, ниту денес дека сме македонци.
– Ова што денес го кажа Петков не е ништо ново. Ние и утре можно е да постигнеме договор со Бугарија и можно е Бугарија, зошто тоа е нејзино суверено право, да го задржи правото да го нарекува нашиот јазик македонски јазик во согласност со уставот на Република Северна Македонија, ама во билатерален контекст. Ниту една членка од ЕУ нема проблем со македонскиот јазик, рече Пендаровски.
На парашањето дали може да се протне некое решение кое може да биде недостоинствено, шефот на држават кажа:
„Не може да се протне прво јас ќе излезам на прес-конфернција и ќе кажам народе ова не го прифаќам.Шанси нема, прв јас ќе речам јас ова не го гледам како добар договор за националните интереси“.