Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица соопштија од Министерството за здравство.
По 2 починати лица се од Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно починато лице од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022.
Починатите се на возраст од 47г до 89г.
Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=14), четири лица се целосно вакцинирани.
Од почетокот на ковид-кризата во земјава бројот на починати лица е 8.153.