Сите финансиски извештаји за работата на Универзална сала, освен овогодинешниот, кој се работи во моментов се јавно достапни. Не мора да ја барате градоначалничката Арсовска, јас лично ќе ви ги доставам, вели во изјава за „Локално“ поранешниот директорот на Универзална сала, Филип Аврамчев во врска со денешното соопштение на ЛДП во кое партијата побара од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да ги објави финансиските извештаи за работењето на Универзална сала, посебно во делот за незаконско работење, за кој бил обвинуван актуелниот директор на прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања.
-Што се однесува до Мицкоски, не можам ништо да коментирам, човекот го имам видено само на телевизија. Инаку се почна од моето барање на маил групата на ЦО на ЛДП за работење согласно статут. За жал после тоа се соочив со сериозни напади и лични дисквалификации од страна на Претседателот Милевски, кои се несвојствени за еден обичен хомосапиенс, не пак за носител на висока јавна финкција, вели Аврамчев.
Во соопштението на ЛДП се наведува дека актуелниот директор на Универзална сала, кој во јавноста ги пласира информациите за претседателот на ЛДП, „е во тесна спрега со опозицијата“.
-Срамно е што киднапираната ДПМНЕ си дозволи да користи ниски методи за уцена на поединци со цел нанесување на штета на угледот на претседателот на ЛДП и инсталирање за нив „подобен” претседател кој ќе ја реализира агендата за враќање на власт на нереформираното ДПМНЕ.Ниту претседателот Горан Милевски, ниту пратениците, ниту бил кој друг член на раководството на ЛДП, не можете да ги заплашувате со вакви лаги кои ги пласирате преку соопштенија, бидејќи своите функции ги обавуваат чесно, во согласност со законите. Посочуваат од партијата.
Оттаму додадоа дека довербата на граѓаните не може да се добие со неоснована црна пропаганда кон политичките опоненти, туку само со проекти и активности.
-Заслепени од желбата да делите нови концесии за хидроцентрали, градежни маркици и милионски тендери, како во златните времиња на вашиот ментор Груевски, не ви овозможува да ја согледате реалноста во државата која незапирливо се реформира и нема да дозволи криминалците повторно да ја намирисаат власта.Мора да разберете дека во политиката не се сите исти. Особено не се како вас, кои од Македонија направивте приватен криминоген вилает.Времето на промени на системот е започнато и бидете убедени дека такви нереформирани само ќе сонувате за власт, велат од ЛДП.
Б.М.