390
МВР вечерва информираше дека има уште едно повредено лице во трагичната сообраќајка што се случила во непосредна близина на крстосницата пред „Сити мол“.
Како што велат од полицијата, на лице место починала 24-годишна девојка од Радовиш.
-На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место, соопштија од МВР.
Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.