СДСМ: Градски паркинг ја заврши 2021 со профит од 27 милиони денари, ВМРО-ДПМНЕ да не измислува конструкции

од Nikola Popovski
392 прегледи

Ниту една конструкција од Белиот дворец не може да ја покрие неспособноста на Данела Арсовска и нејзиниот штетно дејствување по Градот Скопје и неговите граѓани, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владеачката партија, Арсовска не знае да менаџира со Градот и јавните претпријатија што се под негова надлежност, па затоа ВМРО-ДПМНЕ секојдневно има потреба да измислува конструкции со кои се обидува да ја покрие нејзината неспособност.

-За тоа како работел ЈП Градски паркинг со претходната градска администрација говори фактот дека ова претпријатие 2021 година ја завршило со вишок средства односно профит од над 27 милиони денари.

Наместо да се зафатат со работа, Арсовска и градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ измислуваат конструкции, ги партизираат општините, трошат народни пари на чоколади и дејствуваат на штета на интересите на граѓаните, соопштија од СДСМ.

Стоилковски обвини дека „Демократскиот сојуз како дел од колачот на власта, од СДСМ – ДУИ долгогодишно го имаше подарок ЈП „Градски паркинг“ во свое владение, а за возврат обезбедувале привилегии, повластувања за функционери на власта“.

-ЈП ‘Градски паркинг’ било претворено во своевиден штаб на Демократскиот сојуз, со тоа што службени возила, телефони и простории биле на дофат на партијата. Сето тоа наведува на сомнителни криминогени зделки. Директори, министри, функционери, разни раководни кадри со години паркирале бесплатно низ Скопје, користеле повластена позиција на сметка на граѓаните, а тоа им го овозможувале директорите на паркинзи од Демократскиот сојуз, истакна Стоилковски.

Слични содржини