Владата на С. Македонија на вчерашната седница ја именуваше м-р Магдалена Несторовска за државна секретарка во Министерството за внатрешни работи.
Оваа функција Несторовска ја извршува во континуитет од јуни 2017 година.
-Во минатото, својата професионална кариера ја гради на раководни позиции во повеќе државни институции, од каде стекнува долгогодишно работно искуство, кое придонело во нејзино стручно оспособување и усовршување и досегашно успешно извршување на функцијата државна секретарка, информираа од МВР.