Богоев: ВМРО-ДПМНЕ се соочени со неуспехот на нивните градоначалници, брзаат да има предвремени избори

од Берта Китинска
332 прегледи

Техничката влада беше резултат на преговори таа произлезе од она што го слушнавме во 2015 година од „бомбите“ како дравните институции се злоупотребувале во функција на изборите. Ако тоа беше причината, сега ми е драго што со ова барање опозицијата покажува дека оваа влада умее да организира фер и демократски избори, вели за Утрински брифинг Стефан Богоев, поранешен градоначалник на Карпош и потпретседател на СДСМ.

Тој додава дека промените на Изборниот законик мора да дојдат по пат на пошироки разговори и консензус, а не произволно како што сака ВМРО-ДПМНЕ.

-За нас е спорен начинот и тајмингот за ова барање на ВМРО-ДПМНЕ. Тие соочени со неуспехот на нивните градоначалници брзаат да има предвремени избори. Ние треба да разговараме и со коалициските партии, но и со помалите партии за тоа дали воопшто има потреба од техничка влада. Се наччна и прашањето за една изборна едицица и тоа се сегменти од Изборниот законик и имаме време до 2024 година да ги отвораме овие прашања, вели Богоев.

Слични содржини