Богоев: Одиме со коалиција која се залага за ЕУ, граѓаните препознаваат кој е проевропски ориентиран, а кој е за да остане државата во изолација

од Vladimir Zorba

„Ако анализирате подлабински тимот на Таравари и коалицијата тие се Европски сојуз за промени, ние уште на самиот почеток кога ја промовиравме идејата за Европски фронт на изборите, најавивме дека не занеме во каква форма ќе оди тој, дали ќе одиме сите заедно, дали паралелно во неколку ленти ќе се вози Европскиот фронт, дали ќе има една група на албански политички партии –проевропски, една група на македонски етнички партии. Повторно се движиме во тие рамки, одиме со коалиција која се залага за ЕУ. Се групира и окоолу ДУИ еден таков дел од политички партии кој исто така тврдат и стојат на стојалиштето дека се за ЕУ. Дури и албанската опозиција вели број еден приоритет е уставни измени и ЕУ. Како и да вртите дали формално или не, природно се диференцираат работите на полтички партии на политичари кои се прозапад и проевропски и политички партии кои што влечат накај исток, накај изолација на државата, и не се до тој степен за ЕУ, каде што можете да ги издвоите Левица и ВМРО-ДПМНЕ,“ рече Стефан Богоев, директор на Царинската управа и потпретседател на СДСМ на ТВ 24, во врска со Европскиот Фронт.

Богоев посочи дека гласачите имале ввеќе шанса да препознаат кои се проевропски настроени, и ја посочи изјавата на Мицковски дека за во ЕУ ни за 100 години можеби нема да влезе државата.

„Вие сакате да влезете во тоа прогресивно друштво и не може вие кои што сакате да влезете, да условувате. А да ги менувате условите не можете, тоа е кажано од повеќе челници од ЕУ,“посочи Богоев.

Слични содржини