Биљали: Една изборна единица прави тешка дискриминација на руралниот дел од државата

од Берта Китинска
469 прегледи

Mислам дека барањето предвремени избори стана здодевна песна која секој ден ја слушаме. Дури и вмровските гласачи , барем тие кои не се партиски оптеретени не верувам дека се за предвремени избори кога имаме нова влада со полн легитимитет и капацитет со многу нови луѓе почнувајќи од премиерот и мнозинството министри, вели во изјава за „Локлано“,проф. д-р Мерсел Биљали.

Според аналитичарот во над 40% од демократските држави на светот власта ги губи локалните избори, „па никому на памет не му паѓа да иде на нови парламентарни избори“, појаснувајќи дека и партијата ФЕДЕС на Орбан го загубила главниот град, па никој нормален не спомнал нови парламентарни избори.

-Треба да престанеме со тоа нови избори и да почнеме сите заедно да работиме за да ја смениме состојбата. Треба да се смени логиката дека кај нас ништо не се менува.Трето, за една изборна единица, мислам дека не ги познаваат системите, моделите и подмоделите. Прво е потребно отворени листи или мнозински модел за да знаат граѓаните кој точно им е пратеник, па да се обратат до кај него. Една изборна единица прави тешка дискриминација на руралниот дел од државата, оти парттите во листа ќе стават кандидати од големи градови оти таму се гласачите, а нам ни треба рурален развој, без кој нема никаков развој. Подобро да отидеме на 8 изборни единици или мнозински систем, или пак комбинирано. А , за помалите етнички заедници е потребно една изборна единица без изборен праг, вели Биљали кој додава дека е потребно да се укине таканаречената пржинска влада бидејќи не се покажала како функционална.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека моделот кој произлезе од пржинскиот договор за 100 дена Влада пред избори во која учестувуваат министри од опозицијата е нефункционален.

Партијата вчера до Собранието достави предлог-измените на законот за Влада во Собранието.

– Со овој предлог на закон, ние предвидуваме и бараме бришење на одредбите од законот за начин на избор на влада кои предвидуваат 100 дена пред одржувањето на парламентарни избори да се избере нова, преодна влада.Во овој момнет кога се акутелни неколку криз Македонија не смее да губи ниту ден, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Поддршка за брза процедура ВМРО-ДПМНЕ засега доби само од БЕСА.

СДСМ не верува дека опозицијата поднесува безусловен предлог-закон. Бараат најпрво да се постигне конзенсус од четирите најголеми политички партии, исто како што беше и договорено да се воведе техничка Влада во 2015та.

-Со оглед на тоа што избори ќе има во 2024та година, има време да се разговара за измени на Законот за Влада, кажа координаторот на СДСМ Митрески.

Б.М.

Слични содржини